„Урбани херои“ прва книга на Драган Таневски

Синоќа во Книжарницата ТРИ во Градскиот трговски центар беше промовирана првата книга на Драган Таневски „Урбани херои“.

Urbani Heroi

 

Во информацијата од ТРИ се вели: „Впечатокот за „Урбани херои“, првенецот на Драган Таневски, е повеќе од одличен. Свеж, нов, поинаков, модерен и урбан. Преку раскажувањето на навидум неповрзани приказни и фрагменти од урбаното живеење, парчињата животни стории полека се испреплетуваат во неочекувана целина. Вешто возејќи нè низ случувањата, „Урбани херои“ успева да изгради силна приказна за секојдневните луѓе кои животот ги фрла во вител од кој излегуваат како херои.

Иако ова е негово прво дело, расказите изненадуваат со свежината на изразот, несекојдневноста на темите и богатите и комплексни ликови и ситуации. Иако првенствено дело на фикцијата, опишаните животни судбини понекогаш толку потсетуваат на урбаните реалности со кои можеби секојдневно се судруваме, разминуваме или сме ги доживеале, што тоа нè прави сигурни дека оваа книга ќе наиде на одличен прием кај читателите“.

You May Also Like