Започнува вториот „Шекспир фестивал“

Свеченото отворање на вториот фестивал „Шекспир“ е денеска (сабота, 19 јули) а честа да го најави му припадна на Националниот театар од Мексико, со преставата „Хенри 4“.Отворањето е закажано за 20:30 во Народниот театар Битола.

Bitola_sekspir_fest_press

На годиншниот, втор по ред „Шекспир фестивал“ во Битола, кој се одржува во рамките на битолското културно лето „Битфест“ ќе земат учество вкупно осум театри, од кои четири се домашни и 4 странски.

Меѓу учесниците ќе бидат Националниот театар од Тирана, Албанија, Државниот театар од Мексико, театарот од Петербург, Русија, како и театарот од Истанбул, Турција.

Од домашните театри на сцената на Народниот театар во Битола ќе настапат театарот од Велес, со преставата „Кралот Лир“, Театарот од Скопје ќе ја прикаже прествата „Многу врева за ништо“, Прилепскиот театар со преставата „Сонот на летната ноќ“ а Битолскиот народен театар ќе се престави со преставата „Отело“, со која настапи на отворањето на „Охридско лето“.

You May Also Like