Денеска (19 март 2013 , вторник), градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ и ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски, ќе потпишат Меморандум за соработка, со кој се предвидува стипендирање на студентите на УКИМ и нивно вработување.
На свеченото потпишување на Меморандумот за соработка покрај градоначалникот Тодоровиќ и ректорот Стојковски ќе присуствуваат и деканите на факултетите и директорите на институтите во рамките на УКИМ.
Церемонијалното потпишување ќе се одржи во конференциската сала во Ректоратот на УКИМ со почеток во 12,00 часот.