Во Ликовниот салон – Велес во рамки на саемот на книгата што го организира библиотеката „Гоце Делчев“ вчера е промовиран романот „Монотонија“ од авторот Бобан Богатиновски од Куманово.
Темата на романот се односите меѓу верските заедици. Дејствието се одвива во неколку манастири, каде главниот лик преку контакт со лица од други верски заедници се запознава со нивното делување. Според авторот, поголем дел од настаните во романот се вистинити.
– Јас го практикувам оној руски систем во литература кога писателот го преживеал сето тоа, рече Богатиновски.
Промоторот Мите Стафовски потенцира дека ова дело може да се смести меѓу најзначајните романи во македонската литература последните неколку години.
– Романот е возбудливо четиво кое ја разработува специфичната тема за односите меѓу верските заедници која е специфична и несекојдневна, изјави Стафовски.