Снимена e првата клапа од филмот „Женски итроштини“, независен филмски проект на продуцентските куќи „Астроида” од Куманово и „Лав филм” и КТВ од Кавадарци …
Во Неготино е снимена првата клапа од најновиот игран филм „Женски итроштини” во режија на Душко Ѓорѓиоски, поранешен режисер во МТВ и на „Македонски народни приказни“.
Станува збор за независен филмски проект на продуцентските куќи „Астроида” од Куманово и „Лав филм” и КТВ од Кавадарци, кој ќе трае еден час.
– Сценариото е мое и на Шенка Колозова. Главните улоги ги играат Ацо Видиков, Владо Дојчиновски и Зорица Панчиќ. Првата клапа од филмот падна во ресторан „Софра Вељанов” во Неготино, а снимање ќе има и во неготинскиот манастир Свети Ѓорѓи, како и во објекти во Кавадарци и Прилеп, изјави режисерот Ѓорѓиоски.