„Алиса во земјата на чудата“ во Драмски за хуманитарни цели

Хуманитарна „Алиса во земјата на чудата“ денес на пладне во Драмски театар –  Скопје …

dramski-teatar-skopje

Во Драмски театар денеска на пладне ќе биде одиграна „Алиса во земјата на чудата“, првата детска претстава на драмското студио „5+“. Во претставата, покрај децата – членови на студиото, ќе учествуваат и Петко, Мина, Цветко и Комшо.

Претставата е според познатиот текст на Чарлс Лутвиг Доџсон, а го адаптираа и режираа едукаторите од „5+“ Александра Стојановска и Филип Кипровски.

Изборот на музиката го направи Влатко Галевски, а на сцената ќе може да се видат и специјално дизајнирани видео анимации, продуцирани од „5+“ продукција.

Парите собрани од билетите кои чинат по 100 денари, се наменети за Дневниот центар за децата со посебни потреби во Битола.

You May Also Like