Од денеска до петок (26-28 март) на репертоарот на кинотото во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 20:00 часот се прикажува францускиот филм „Убавицата и ѕверот“.
„Убавицата и ѕверот“ на Кристоф Ганс во визуелен поглед, како и во однос на акционите сцени стои рамо до рамо со американската продукција. Македонската публика ќе има можност да ужива во раскошната француска екранизација на бајката од 20 март!
По големиот француски хит „Пактот со волците“ и добро прифатената американска екранизација на видео-играта „Silent Hill“, Ганс сними универзална бајка за љубовта без оглед на разликите меѓу двајца кои се сакаат.
Филмот на Ганс со Венсан Касел и Леа Сејду се базира на најраната позната верзија на бајката од збирката на Гарбиел Сузан Вилнев „La Jeune Ameriquaine et les Contes Marins“ (Младиот Американец и морската приказна) од 1740 година. Се работи за повеќеслојна бајка за деца и возрасни која зборува за моќта на соништата и конфликтот на љубовта и материјалните вредности поради што е особено актуелна и денес. Пред филмот на Ганс една од најзначајните екранизации на оваа приказна беше онаа на Кокто од 1946 г. Ганс се потруди да понуди нова верзија на тој филмски класик.