Турскиот театар од Скопје ќе учествува на првиот Меѓународен театарски фестивал на балканските земји во Бурса.
Театарот ќе настапи на отворањето на фестивалот на 8 март, со претставата „Госпоѓица Јулија“ од Аугуст Стриндберг во режија на Александар Поповски.
Насловната улога ја игра актерката Сузан Акбелге, а настапуваат и Осман Али и Несрин Таир. Сценограф, костимограф и дизајнер на плакатот е Свен Јонке.
Државните театри на Турција го организираат фестивалот на балканските земји во Бурса, кој ќе трае до 15 март. Ќе бидат изведени 19 претстави, од кои девет се од Македонија, Хрватска, Србија, Романија, Грција, Косово и од Бугарија.