За среда и четврток 16 и 17 мај, закажана е премиерата на претставата „Хотелски приказни“ на сцената на Универзална сала, со почеток од 20:00 часот. Се работи за компилиран текст на Дејан Дуковски и неговата (М.М.Е. Кој прв почна) и моноемоцијата на Војо Цветановски, кој истовремено е и режисер на оваа претстава.
Претставата „Хотелски приказни“ е урбана „обична“ градска приказна, сместена во еден (веќе распаднат) хотел, позади Унииверзална сала. Приказна, која раскажува за тоа што се’, на човека може да му се случи, живеејки во голем град, доколку не е внимателен, сериозно внимателен.
Ова не е љубовна приказна, ова е приказна за љубовта. Но, некој тргна. Некој кажа, ајде, ајде да одиме. И отидоа, ко слепи за стап, по пат ја заборавија борбата. М.М.Е. Кој прв почна…
Билетите се во продажба на касата во Универзална сала по цена од 150 ден, а студентите имаат попуст со студентски индекс, за нив влезницата е 120 денари.