„Младите можат“, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и општина Ѓорче Петров и во соработка со Младинскиот образовен форум и Сојузот на извидници на Македонија го организираат првиот „Турнир во мал фудбал на граѓански организации“.
Сите граѓански организации од целата држава можат да пријават екипа и да земат учество на овој турнир. Турнирот ќе се одржи во салата во Христо Батанџиев -Ново Село (Општина Ѓорче Петров) во периодот од 11 до 22 Јуни. Натпреварите ќе се играат во периодот од 18:00 до 22:00 часот.
Собраните средства ќе бидат наменети за поддршка на гладни преку здружението „Банка за храна“.
Повеќе информации за пријавување и учество тука: