Оваа недела на редовниот репертоар на Синеплекс ќе се најдат три нови филмови: комедија, трилер и научна фантастика.
„Лавиринт-невозможно бегство“, „100% Кашмир“ и „Ноемврискиот човек“ се насловите кои ќе бидат премиерно прикажани од денеска (четврток, 17 септември).
Покрај редовниот репертоар, киното Cineplexx ќе започне со прикажување на филмовите од ревијата Филмоманија.
Пирс Броснан се враќа на големото платно во уште една акциона улога. Познат под
псевдонимот „Ноемврискиот човек“, Питер Деверо (Пирс Броснан) е опасен и врвен поранешен агент на ЦИА, чија мисија од лична природа повторно ќе го активира и покрај тоа што тој е во пензија. Тој ќе мора да го заштити сведокот Алис Фурние (Олга Кириленко), која би можела да открие што се крие за десетгодишната завера. Наскоро, дознава дека е мета на својот поранешен пријател и соработник Дејвид Масон (Лук Брејси). Сомнежите се зголемуваат кај двојниот агент и Деверо веќе
не може никому да верува. Во оваа шпионска игра повеќе не постојат правила.
„Ноемврискиот човек“ е шпионски трилер на денешното време. Мрачен и реалистичен, а
истовремено верен на култните филмови од овој жанр. Питер Деверо е поранешен агент кој живее мирен и повлечен живот, а го толкува Броснан познат како Џејмс Бонд од 1990-те, кој е многу искусен во улогата на шпион. Броснан за ликот изјавува: „Деверо е сложен лик. Со години бил шпион, едуциран е и интелигентен, а истовремено и истрениран убиец. Живее привидно нормално, но го прогонуваат духовите од минатото – кога ќе го запознаеме, неговиот живот е обележан од двојноста. Од една страна е мрачниот живот на убиец, а од другата мирниот граѓански живот на жителот на Лаусен.
Мистериозната авантура „Лавиринт – невозможно бегство“ пристига овој четврток.
Приказна за група на млади луѓе кои се обидуваат да побегнат од ледината опколена со џиновски лавиринт преполн со тајни. Филмот за постапокалиптичниот свет снимен е по светскиот бестселер на писателот Џејмс Дашнер кој е и сценарист на филмот! Приказната е сместена во мрачна, постапокалиптична иднина. Младиот јунак, Томас (Дилан О Брајан), изненадувачки ќе се најде во непознато опкружување, во
група на млади луѓе, без сеќавање на неговиот живот кој му претходел. Набрзо ќе сфати дека сите се наоѓаат во голем лавиринт, и ќе им се придружи на организираната група “Тркачи” чија цел е да го пронајдат излезот од лавиринтот и на страшниот живот на кој ги присилиле. Набргу по доаѓањето на Томас, меѓу заробените се појавува уште еден нов член – Тереса (Каја Скоделарио). Првата девојка во ледината предизвикува конфузија и сите се прашуваат што е следно, зашто таа донела неверојатна порака “Повеќе ништо нема да биде исто”.
Во чертврток на репертоаорт ќе се најде и комедијата на режисерката Валери Лемерсие
„100% Кашмир“. Александра има фантастичен сопруг, Сирил, фантастичен стан покрај река во Париз, фантастичен љубовник, фантастична работа (главeн уредник на ELLE магазинот). На кратко, има сé… освен последниот додаток – дете. Со нејзината стандарна добра среќа, посвојувањето ќе помине без никаков проблем. Седумгодишниот Алексеј ќе дојде од Русија во овој совршен дом. Но тој не е сладок како и сé останато.