Вообичаениот термин за премиери во Милениум (четврток, 20.00 часот) овој пат, поради технички причини(задоцнет транспорт на копијата од филмот) ќе биде поместен за еден ден, па премиерата на филмот Ноемврискиот човек (The November Man) ќе се случи во петок(19.09) во 20.00 часот.
Новиот холивудски мега-хит Ноемврискиот човек (The November Man) е во режија на Roger Donaldson, главните улоги ги толкуваат Pierce Brosnan, Luke Bracey, Olga Kurylenko, а една од главните улоги толкува и добро познатиот балкански актер Лазар Ристовски.