Шестото издание на фестивалот де:сонанц на 25 октомври 2014 година го претставува светски познатото трио Бранд Брауер Фрик.
Триото Бранд Брауер Фрик од Берлин настапува повеќе од пет години ширум светот. Тие се прославија на Берлинската музичка сцена и оттаму ги започнаа своите турнеи низ Европа, Азија, Северна и Јужна Америка. Имаат одржувано концерти во Њујорк, Париз, Лондон, Токио, како и на многу познати фестивали како Сонар во Барселона, Мутек во Монтреал итн.
На самиот почеток станаа препознатливи по примената на класични инструменти во техно-контекст. Меѓутоа, звукот кој триото го создава многу помалку наликува на многу цитираната симбиоза од класична музика и техно, отколку на неизбежниот резултат што произлегува од несекојдневните и исклучителни можности (што таа ги нуди). Користењето акустични инструменти како основа за нивната музика, при чие создавање се служат со елементи од електронската музичка култура, стана знак за препознавање на бендот. Овој техноиден инструментален звук ја фасцинира публиката ширум светот која може да ја почувствува музичката тензија меѓу човекот и машината.
Деби-албумот „You Make Me Real“ донесе свежина во клубскиот музички бизнис кој во тој момент беше обземен од ретро-манијата.
Сепак и тие во една работа се покажаа старомодни. Наместо да се послужат со дигиталните технологии, тие не штедеа напори да ги реализираат своите музички визии онака како што ги замислиле. За тоа говори и пишувањето километарски партитури за вториот албум „Mr. Machine“, како и комплексните и напорни турнеи со ансамблот музичари и нивните гломазни инструменти.