Театарот „Сенки и облаци“ во светски проект за ХИВ/СИДА едукација

Театарот „Сенки и облаци” од Скопје (во огромна конкуренција на 1700 пристигнати апликации) заедно со 20 други организации од светот доби грант од познатата  MTV Staying Alive Фондација за ХИВ/СИДА едукација на младите во Македонија.


Грантот е наменет за спроведување на проектот „ХИВ/СИДа едукација преку игра на сенки“ кој ќе се спроведува од јануари до април ,со поддршка и на Младинскиот културен центар- МКЦ/Скопје, Здружението Х.Е.Р.А и мрежата на НВО и Y-PEER Македонија.

Воедно,за прв пат во Македонија младите имаат шанса преку креативната алатка- театар на сенки да ги разголат табуата и тајните на сексуалното и репродуктивното здравје.

Проектот подразбира едуцирање на младите за ХИВ/СИДА и обучување за игра на сенки, нивна креација на претстави со сенки и патувачки караван на претставите низ неколку града во Македонија- (Велес, Тетово, Куманово и Кавадарци) Процесот ќе се одвива во неколку фази:

•    Викенд тренинг за ХИВ/СИДА и сексуално и репродуктивно здравје (9 и 10 Февруари)
•    Три викенд работилници за создавање театарска претстава со сенки (16 и 17;  23 и 24 Февруари;  2 и 3 Март)
•    Театарски караван низ Македонија (Април)

За потребите на проектот „Сенки и облаци“ обајвува ПОВИК ЗА УЧЕСТВО. Потребни се  15 млади луѓе, на возраст од 16 до 22 год, кои живеат во Скопје и во следните два месеца имат желба со својата креативност да создадат приказни кои ќе ги едуцираат нивните врсници.Пополнетата апликација (заедно со  CV и слика ) се доставува до: senkiioblacimtv@gmail.com. Апликацијата може да се симне на следниот линк: http://bit.ly/U6tWIG
Рокот за пријавување е 31 Јануари.
*Поради природата на проектот заинтересираните апликанти се обврзуваат да учествуваат во сите предвидени активности.

You May Also Like