Трибина „Соработката помеѓу институциите од областа на културата во Македонија“

Утре (среда, 5 декември), со почеток во 18:30 часот, во просториите на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, која ќе се одржи јавна трибина на тема: „Соработката помеѓу институциите од областа на културата во Република Македонија“.


Целта на трибината е да се дискутира за актуелните корелации помеѓу чинителите на културата во граѓанскиот и владиниот сектор во државата, да се осознаат нивните дејности, активности, проблеми и перспективи при делувањето. На трибината ќе се постават прашањата за свесност на институциите за взаемното постоење, ќе иницираат модуси за иновативни начини на комуникација, презентираат идеи за креирање на нови културни производи и платформи за соработка, на регионално и локално ниво.

Воведничари на трибината ќе бидат доцент м-р Искра Шукарова (балетски уметник, кореограф, професор на ФМУ – Скопје и основач на „Локомотива’’- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата) и професор м-р Љубиша Кировски (виолинист, професор на ФМУ – Скопје и актуелен претседател на „Сојузот на музичките уметници на Македонија’’).

You May Also Like