По повод одбележувањето на јубилејот 40 години Младински културен центар, Мандолинскиот оркестар на МКЦ денеска (вторник, 4 декември, 2012) ќе одржи концерт во киното “Фросина” со почеток во 20:00 часот.
На програмата ќе бидат изведени дела на Родриго, Хендл, Пјацола,Асламазјан, Моцарт, Огински и на нашите композитори Властимир Николовски, Стојче Тошевски, Кирил Трајковски и Таки Хрисиќ.
Диригентна Мандолинскиот оркестар е Ванчо Јовчев, а како солисти ќе настапат: Ана Димовска – обоа,Николче Мицевски – хармоника, Благојче Трајковски – кларинет.
Влезот е слободен.