Оперската претстава „Атила“ од Џузепе Верди, која својата премиера ја имаше во петокот (1 март,) вечер (вторник, 5 март) во 20:00 часот на сцената на МОБ ја има првата реприза.
Со премиерата на „Атила“ се одбележуваат 200 години од раѓањето на Џузепе Верди. Претставата е во копродукција со Народно позориште од Белград – Србија.
Операта „Атила“ е во три чина. Нејзината светска премиера е изведена на 17 март 1846 година во театарот Ла Фениче во Венеција.
Диригент на претставата ќе биде Алесандро Д’Агостини од Италија, режија на Дејан Миладиновиќ од Србија, асистент на режија Трајко Јордановски, сценографија на Александар Златовиќ од Србија, костимографија на Миланка Берберовиќ од Србија, кореографијата е на Олга Панго, концерт мајстор Верица Ламбевска, асистент хор мајстор Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓоргеска, корепетитори на претставата Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева и Андреја Наунов.
Во улогата на Атила ќе настапи Иван Томашев (бас) од Србија, како Ецио ќе настапи Ристе Велков (баритон),Одабела – Oлгица Милевска (сопран), Форесто – Зоран Сотиров (тенор), Улдино – Дејан Стоев (тенор) и Леоне – Славчо Димовски (баритон) .