Денеска (среда 27 август 201), во 20:30 часот на плоштадот Александрија во Прилеп целовечерен концерт ќе одржи КУД”Моминок” при центарот за култура „Марко Цепенков“. Играорците ќе се претстават со дел од својот богат репертоар на македонски ора, меѓу кои Потрчано, Водарки, Тресеница, Беровка, Бувчанско, Црногорка и др.
КУД ,,Моминок,, е основано во 2003 година. Го поттикнува, развива и јакне интересот кај младите луѓе за културата и уметноста посебно за фолклорот во сите негови форми, ја презентира македонската фолклорна традиција и фолклорната традиција на народите. ги негува традиционалните обичаи, песни и игри. Ја насочува културно уметничката и социјалната програма према основните принципи на музичко – сценскиот аматеризам. Во текот на своето постоење друштвото има гостувано и учествувано скоро на сите фолклорни фестивали, манифестации во Р. Македонија, при што има добиено разни дипломи, благодарници, признанија…
Исто така друштвото има гостувано и надвор од Р. Македонија како во Бугарија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, во Романија на Интернационалниот фестивал за фолклор и традиција во Букурешт, во Унгарија – Будимпешта, во Неапо – Италија…