Вечерва Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија беше домаќин на книжевната вечер посветена на Лилјана Дирјан и академик Богомил Ѓузел.
За големиот книжевен опус на овие две значајни и големи писателски имиња, зборуваат проф. Д-р Елизабета Шелева од Филолошкиот Факултет при Универзитет “Св.Кирил и Методиј” во Скопје”, проф.Д-р Александар Шурбанов од Катедрата по англиски јазик на Софискиот Универзитет, проф. Д-р Светлозар Игов од Институтот за литература при Бугарската Академија на науките и Цветанка Еленкова, бугарска поетеса и преведувач на делото на Богомил Ѓузел, на бугарски јазик.
На книжевната вечер беа претставени и двете стихозбирки издадени на бугарски јазик, “Со невидливиот сокол на рамото” од Лилјана Дирјан и “Остров на копното” од академик Ѓузел.
Стихови од авторите читаше актерот Иван Калошев.
Книжевната вечер е в организација на КИЦ на Република Македонија во Софија во соработка со Независните писатели на Македонија и со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.