Христо Петрески добитник на украинската награда „Гогољ“

Македонскиот писател Христо Петрески е добитник на меѓународната книжевна награда “Гогољ“, која го носи името на познатиот руски писател со украинско потекло Николај Владимирович Гогољ, инаку автор на голем број светски познати дела (романи, расакази и новели), меѓу кои и на: “Шинел“, “Ревизор“, “Мртви души“ и други.

hristo petreski 1

Наградата се доделува од 1998 година од страна на Националниот сојуз на писателите на Украина, а во Комитетот за наградата се познати писатели и научници.

Наградата “Гогољ“ на Петрески му се доделува за неговото прозно творештво, посебно за неговите романи: “Лифтот (не) е за двајца“, “Твоите=мои очи“ и “Дали го сакате Дали“.

Христо Петрески е прв добитник на оваа значајна интернационална награда од Република Македонија. Инаку, досега оваа награда ја имаат добиено познати дејци од Украина, САД, Канада, Австралија, Германија, Белорусија, Словачка, Бразил, Израел и Русија.

You May Also Like