Утре (вторник, 7 октомври) во 20:00 часот во Менада ќе се одржи 3-то издание на поетското читање „Астални проекции“.
Концептот на „Астални проекции“ е следниов: се чита поезија во три круга, во првите два круга учесниците читаат своја поезија, а во последниот круг читаат нешто од друг автор.
Списокот научесници на третото издание на поетските читања е:
1. Иван Шопов
2. Мира Смаќоска
3. Зоран Радически
4. Моника Стојановска
5. Натали Пулен
6. Виктор Јакимовски
7. D.A. Lori
8. Стефан Велковски
9. Воислав Пехчевски
10. Ирена Трајкова
11. Ѓорѓе Попов
12. Ивана Смилевска
13. Борис Николај Двојаковски
Специјален гостин на вечерта: Анџелика Јорданова