Промоција на порталот „Лирскиот дом на Ацо Шопов“

По повод 70 години од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија „Песни“ од Ацо Шопов, Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе го промовира повеќејазичниот интернетски портал „Лирскиот дом на Ацо Шопов“.

promocija_poetskiot_dom_na_aco_shopov

 

Промоцијата е закажана за в среда (8 октомври) во 10:00 часот во Салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Поздравна реч:
проф. д-р Славица Велева, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Слово за Шопов и интернетскиот портал посветен на неговото творештво:
проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности

Претставување на порталот:
Јасмина Шопова, носител на проектот „Лирскиот дом на Ацо Шопов, препејувач и ќерка на поетот

You May Also Like