Отворена изложба на фотографии од браќата Манаки во Берово

Во Берово вчера вечер беше отворена изложба на фотографии од богатата оставина на браќата Манаки …

berovo plostad 1

Во Музејот во Берово е отворена изложба на фотографии од богатата оставина на браќата Манаки. Изложбата е дел од проектот на општина Берово, што се остварува во соработка со Министерството за култура. Целта е да се збогати културната понуда за време на летната туристичка сезона.

На изложбата се презентирани 31 фотографија, што се изработени од оригиналните стаклени плочи на браќата Манаки. Прикажан е минимален дел од огромното фотографско наследство од 18.513 негативи и 10.952 оригинални фотографии, што биле изработени во фотолабораторијата на првите сниматели на Балканот.

Пред беровчани и големиот број домашни и гости од странство изложбата ја отворија градоначалникот Драги Наџински и Снежана Ајтовска, директорка на Домот на културата „Димитар Беровски“.

Со пригодна реч за презентираните експонати се осврна и авторот на изложбата, м-р Роберт Јанкуловски.

– Изложбата на фотографии од Браќата Манаки е проект на Дирекцијата за култура и уметност од Скопје и нејзината цел е да се презентира и промовира не само македонската, туку и светската ликовна уметност, рече Јанкуловски.

You May Also Like