Денеска (петок, 28 март) во 19:00 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од Ресенската керамичка колонија.
Делата на Ресенската керамичка колонија се суштина на изложбената активност на оваа институција и тие имаат пропатувано низ поголемите градови во Македонија. Редовно биле излагани на Меѓународното триенале на ќерамика во Белград и Суботица, во Државната галерија на Пловдив во Бугарија, како и на Деновите на македонската култура во Истамбул во Република Турција.