Главните улоги им припаѓаат на Метју Меконахи, Ен Хатавеј, Џесика Чејнстејн, Вес Бентли, Мајкл Кејн.
Филмот „Интерстелар“ на Кристофер Нолан во Синеплекс премиерно ќе биде прикажан на 6 ноември (четврток), на еден ден пред премиерата во САД.
Човечкиот род својата судбина отсекогаш ја обликувало поместувањето на границите – од првите бродови кои заполовија кон хоризонтот до првите човекови чекори на површината на Месечината – но, крајната граница се уште не ни е на дофат. Режисерот, сценарист и продуцент на филмот „Интерстелар“, Кристофер Нолан, поставува провокативно прашање за тоа каде е местото на човековиот род меѓу ѕвездите.