По повод светскиот ден на Ромите-8 Април деновиве беше промовирана книгата „Етничките и културните карактеристики на Ромите во Македонија“ од д-р Трајко Петровски. Авторот е етнолог, фолклорист и ромолог, научен советник во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје.
Промотори на книгата беа професорите Мирјана Мирчевска од Институтот за етнологија и антрологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Зоранчо Малинов, директор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.
Организатори беа Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и Здружението на љубители на ромската фолклорна уметност „Романи ило“.