Второто издание на првата конференција за социјални медиуми и активизам – ENGAGE ќе се одржи на 23 февруари, во киното Фросина во МКЦ.
Домашни и странски блогери и активисти ќе ги споделат своите искуства поврзани со протокот на информациите,слободата на говорот и можностите за граѓанска мобилизација преку интернет. Преку ENGAGE, РадиоМОФ се стреми да го подигне нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување во сферата на друштвените медиуми и физичкиот простор.
Со 12 говорници, 4 работилници, 2 панел дискусии и 350 учесници, обезбеден аудио и видеостриминг и бесплатна безжична интернет конекција за сите, ENGAGE ќе биде виртуелен и физички собир на онлајн заедницата во Македонија.