„Мајана“ е новото ателје за современ накит што вечерва во 20 часот, ќе биде отворено во зграда на ССМ во близина на КИЦ, односно спроти ГТЦ.
Во знакот на спонтаноста домаќинките Андријана Андреева и Маја Донева на овој простор ќе ги изложуваат своите изработки на уникатен накит.
„Ние сме среќните добитници на програмата „Инкубатор за занаетчии“ од Министерството за труд и социјална политика, тие ни го обезбедија дуќанот. Ние двете, со Маја сме вљубеници во традиционалното, владееме филигран, казас, ќустек, ебру, сликање на вода , ковање бакар и сребро. Плетеме, хекламе, везење монистра. Везење со свилен конец и пантлика.“- вели дизајнерката Андријана Андреева, која е основач на македонската етикета на накит „Ани соро“.