„Билките на баба Рада“ на турнеја низ Македонија

За да им излезе во пресрет на сите обожаватели на баба Рада и нејзината книга Билките на баба Рада кои сакаат да се сретнат и во живо да поразговараат со својот омилен лик од ТВ-екраните, Издавачки центар ТРИ организира средби со читателите низ Македонија.

baba rada

 

Читателите ќе имаат единствена и неповторлива можност да ги слушнат советите на баба Рада, овој пат не преку малите екрани туку лично, во пријателска и опуштена атмосфера. Тргнувајќи од 12 па сè до 26 септември, жителите од 18 градови низ Македонија ќе можат да се сретнат, да се запознаат и да поразговараат со оваа авторка, чија книга досега се продаде во над 15.000 примероци. Како што покажува големиот интерес, Билките на баба Рада полека си го наоѓа местото во сечиј дом.

Следните градови се дел од читателската турнеја: Струмица, Радовиш, Штип, Свети Николе, Кичево, Гостивар, Велес, Гевгелија, Скопје, Неготино, Кавадарци, Охрид, Струга, Куманово, Крива Паланка, Прилеп и Битола. Веруваме дека со оваа акција ќе им приредиме на читателите низ Македонија едно поинакво искуство и незаборавна средба.

You May Also Like