Ви го претставуваме тековниот рeпертоар во кино Милениум, во Градскиот трговски центар:
Елизабет Халси (Камерон Диаз) е сиромашна учителка од Чикаго која ги навредува своите ученици, пие алкохол и зема разни “рекреациски“ дроги. Таа планира да се омажи за својот богат вереник, но кога тој ќе ја остави, се обидува да го освои Скот Делакорт (Џастин Тимберлејк) учител на замена, кој е исто така богат. Нивната колешка Ејми Сквурел (Луси Панч) исто така го “брка“ Скот, додека школскиот наставник по физичко Расел Гетис (Џејсон Сигел) е заљубен во Елизабет. Нејзиниот план е да ги зголеми градите за да го освои Скот, ама не може да си дозволи тоа. Но, кога ќе дознае дека учителот што има најдобро бодувани ученици добива бонус Елизабет го менува методот на предавање, а учениците дознаваат една непријатна страна на својата учителка…
Режија: Jake Kasdan
Улоги: Cameron Diaz, Jason Segel, Justin Timberlake
Проекции: понеделник-петок 17:30, 20:00 и 22:30 часот
сабота-недела 15:00, 17:30, 20:00 и 22:30 часот
Европски филм:
ЖЕНАТА ШТО НА СОН ВИДЕ ЕДЕН МАЖ
„К“ е данска фотографка која е мажена и има ќерка. Додека работи во Париз здогледува еден човек и го следи. Тој ја забележува и таа му објаснува дека го сонувала и тој во сонот извршил самоубиство во хотел. Почнуваат љубовна врска. Кога ја праќаат на работа во Полска таа го наоѓа иако овој пат и нејзиното семејство е со неа. Тој е полски професор и живее со неговата жена и ќерка. Тој ја следи до хотелот и и’ дава клуч од апартман спроти неговото живеалиште. На крајот мажот и ја открива и се разделуваат…
Режија: Пер Флај
Улоги:Соња Рихтер, Марчин Дорочинцки, Михаел Никвист
Проекции: понеделник-петок од 13:00 и15:00 часот
Второто продолжение од анимираната сензација Автомобили 2 во која ѕвездата на тркачките патеки Молња Меквин (Овен Вилсон) и неговиот најдобар пријател патуваат преку океанот за учество во големото Свтско Гран При. Патеката до шампионатот ќе стане возбудлива кога Метер ќе се најде во центарот на една друга, поинаква, поопасна авантура – меѓународна шпионажа. Дизни и Пиксар се на прагот на креирање на нов вид на супер херои со поинаква форма, но со човечки особини.
Режија: John Lasseter, Brad Lewis
Улоги: Owen Wilson, Larry the Gable Guy, Michael Caine
Проекции:
сабота и недела – 11:00 и 13:00 часот