Изложба „Беатификацијата на папата Јован Павле II“ во Спомен-куќата на Мајка Тереза

Утре, (понеделник, 12 септември 2011 година) со почеток во 12:00 часот, во НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ е закажано отворањето на изложбата со наслов „Беатификацијата на папата Јован Павле II” реализирана од страна на Пошта Полска А.Д. и Амбасадата на Република Полска во Македонија.

Блажената Мајка Тереза и папата Јован Павле II, се две личности кои ја одбележија не само историјата на ХХ век туку и историјата на целиот свет.

Изложбата ќе ја отвори Д-р Киро Стојанов – Бискуп скопски и апостолски егзарх во Република Македонија.

You May Also Like