Денеска (6 август, среда) во 13:00 и во 18:00 часот на Малата сцена во центарот за култура во Битола гостува театарот „Клуч“ од Тел Авив, Израел со претставата „Кога се’ беше зелено“.
Втората претстава на 4-то издание на ИДТФ Битолино е на Театарот Клуч од Тел Авив, Израел, добитник на наградата за најдобар мјузикл за 2014 година.
Во 20:00 часот на Новата сцена на Центарот за култура ќе биде прикажана претставата „Падобранци“ Тандарика театар, Букурешт, Романија, претстава поставена на три континенти, прекрасна приказна раскажана со јазикот на телото и многу забава за најмладите….