Театарската претстава „Ни ваму, ни таму“ на сцената во Охрид

„Ни ваму, ни таму“ на Бојан Трифуновски, Симеон – Мони Дамевски и Љупчо Тодоровски – Упа е современа приказна за една вечна македонска тема – македонското печалбарство.

„Ни ваму, ни таму“ претсавува еден поинаков, посвеж и многу подуховит осврт на истиот проблем – да се оди НАДВОР или да се врати ДОМА?

„Ни таму, ни ваму“ – извонредна актерска игра, напати комична, со реплики од секојдневниот живот на двајцата случајни патници кои заглавени зарaди лошото време го чекаат својот лет за НАДВОР и ЗА ДОМА на еден Eвропски аеродром, од една страна, и емотивниот прелом по соголената животна вистина на двајцата соговорници, од друга страна.

Играат: Симеон Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа и Стрезо Стаматовски/Никола Кумев

Пред премиера 04. Ноември 2011 (петок), цена на билетот 100 денари,
премиера 05. Ноември 2011 (сабота), цена на билетот 150 денари.

Национална установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, Почеток 20:00 часот, во Мала сала.

 

You May Also Like