Прес конференција во автобус на ЈСП на линијата 19

Денеска, 4.11.2011 (петок), со почеток во 12:30 часот, ќе се одржи прес-конференција за најава на проектот Не/Видлив град и активтностите кои во периодот од 04.11. 2011 до 08.11.2011 ќе се случуваат во Скопје.

Пресот ќе се одржи во автобус на јавниот градски превоз, број 19, кој сообраќа на линијата Карпош 4 – Шуто Оризари. Местото на тргнување е од автобуската станица „Порта Буњаковец“ (Булевар Партизански одреди).

На прес-конференцијата се очекува присуствуво на Вршителот на должност шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, г-динот Роберт Лидлдел, заменик-министерот за култура, г-динот Драган Недељковиќ, како и претставници од Градот Скопје.

Проект Не/Видлив гарад, во реализација на АРТМедиа (Македонија), ДАХ Театар (Србија), Teatret OM (Данска), Prodigal Theatre (Велика Британија) и Voix Polyphoniques (Франција), е поддржан преку Европската Програма Култура 2007-2013, Министерството за култура на Република Македонија и Кралството Холандија преку Амбасадата во Скопје, како и од Градот Скопје, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Македонската опера и балет и компанијата Тинекс.

You May Also Like