Театарска претства и рок-класика концерт на Скопско лето

Вечерва (сабота, 23 јуни) во 20:30 часот во Драмскиот театар во рамките на Скопско лето 2012 ќе биде изведена претставата „Ах љубов моја неверна“ во режија на Коле Ангеловски, а во продукција на новоформираниот „Театар Комедија“.

Половина час подоцна (21:30) на кејот на Вардар кај Камениот мост љубителите на рок и класичната музика ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во концертот на Хорот, Симфонискиот орекстар и групата „Танг Лонг“ од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Со хорот ќе диригира Ана Костова, а со оркестарот Ле Фи Фи.

33-то Скопско културно лето традиционално е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје и годинава се до 31 јули ќе понуди околу 70 културни случувања на различни локации низ градот.

 

You May Also Like