БЕСТ – Скопје домаќин на Меѓународен регионален состанок

Непрофитната и невладина студентска организација, Борд на Европски Студенти по технологија – БЕСТ Скопје, оваа година организира Меѓународен Регионален Состанок на кој ќе присуствуваат 80 делегати од земјите на Балканот и пошироко.

 

best skopje logo

Од Бест велат: „Како домаќини на овој голем настан целта ни е да споделиме знаења и искуства поврзани со организацијата, да ги усовршиме мисијата и визијата кои се негувани од студентите – членови на оваа организација, да запознаеме различни Европски култури, нови пријателства и слично“.

Официјалното отворање кое ќе се одржи во Бизнис салата на Скопски саем, на 16-ти октомври 2014 со почеток во 19:00 часот.

You May Also Like