Театарска претстава и свирка за хуманост без граници

Младинската организација Креактив и средношколците од PTPI Skopje creACTive Student Chapter во среда на 11.04.2012 година, со почеток во 20:00 часот организираат хуманитарен настан во клуб и ресторант МКЦ. Настанот ќе се одржи за да се подобрат условите во Детската клиника.


Како директни учесници кои што решија да го дадат својот придонес и несебично да помогнат се учениците од Драмскиот Креативен Центар „Склет“ при Средното Училиште на Град Скопје „Георги Димитров“. Тие ќе настапат со својата претстава „Апел за…“ по текст и режија на Марина Лотеска. Ова е претстава за сите возрасти, која прикажува една реална ситуација. Животот на неколку средни школи, кои што ќе го испратат апелот до сите присутни во МКЦ.

Веднаш потоа ќе имате шанса да уживате во музиката на бендот Problem Solved. Во склоп на овој настан ќе има и отворен базар на кој ќе може да купите некој украс, подарок за вашите најблиски, книга и сето тоа ќе биде по симболична цена, а парите исто така наменети за детската клиника. Картите ќе може да ги купите на влезот и ќе бидат по симболична цена од 100 денари.

Средбата е закажана и сите оние што се хумани, што имаат желба да помогнат и да ги израдуваат децата во детската клиника се добродојдени.

You May Also Like