На 16 мај 2013 година, во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии и ИАЕСТЕ Македонија започна Првата студентска конференција на тема Енергетска ефикасност и одржлив развој.
Со оваа студентска конференција се овозможува развој на научни вештини и компетенции за истражување на студентите кои ќе придонесат до оформување на поквалитетни академски кадри во областите на енергетска ефикасност и одржлив развој.
На конференцијата ќе се одржат четири работни сесии на кои ќе бидат презентирани истражувања од областите на: Обновливите извори на енергија, Енергетска ефикасност во градежништво и архитектура, Социјални, економски и еколошки аспекти на одржливиот развој и Енергетски ефикасни уреди и материјали.
Конференцијата ќе трае до 18 мај 2013 година.