Охридско лето се затвора со „Кинеска вечер“

Со концертот „Мелодија на Шенжен – Кинеска вечер“ на Симфонискиот оркестар на Шенжен од Народна Република Кина вечерва во предворјето на црквата „Света Софија“ завршува музичкиот дел на фестивалот Охридско лето.

ohridsko-leto

Со концертотпредводи еминентниот кинески диригент Лин Даје. На програмата се дела на Ванг Ксилин, Ванг Нинг, Чен Ганг/Хе Жанхао, Чајковски и Зографски. С

имфонискиот оркестар на Шенжен е формиран во 1982 година. По успешното деби во 1985 година, оркестарот се изгради во реномиран уметнички колектив, кој на репертоар има повеќе од 80 симфонии и 100 прочуени оркестарски дела на кинеските и странските композитори. Од 1987 година активно настапува на концертните и фестивалските подиуми во Кина и во другите азиски и европски земји со над 100 концерти годишно, учествува и на бројни фестивали, како Кинескиот интернационален хорски фестивал, Модерниот музички фестивал во Пекинг, Музички денови во Истанбул, Италијанскиот фестивал „Милт Фистер“, Францускиот фестивал во Динар и на првиот Светски будистички форум. Оркестарот е прв колектив од Азија поканет да настапува во катедралата Св. Луи и во палатата „Инвалиди“ во Париз, а лани настапи во седиштето на УНЕСКО во Париз. Со оркестарот соработувале познатите кинески диригенти Делун Ли, Танг Мухаи и Чен Зуоанг, но и од други земји, меѓу кои Лиор Шамбадал, Хуско Мајкл, Фостер, Смарт и други. Младиот кинески диригент Даје по четиригодишните студии во Берлин се враќа во Кина, каде почнува активна диригентска дејност. Диригирал со најголемите оркестри во Кина на најзначајните фестивали и концерти, а од септември 2010 година работи како главен диригент на симфонискиот оркестар во Гуангзу, со кој направиле турнеја низ Европа. Освен оркестрите во Кина, Лин Даје за време на своите студии диригирал и со некои од познатите европски оркестри, како Берлинскиот симфониски оркестар, Брандербуршкиот симфониски оркестар и Франкфуртскиот симфониски оркестар.

You May Also Like