Прогласување на годинешниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата …
Директори и организатори на интернационални поетски фестивали, интернационални издавачи и книжевни промотори ќе имаат можност за дружење и размена на професионални искуства денеска во рамки на 53-те Струшки вечери на поезијата. Оваа година за првпат на СВП се организира една ваква средба.
Во рамки на манифестацијата ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2014 година, а претходно ќе биде одржан портрет на минатогодишниот добитник Ристо Јачев. Портрет ќе биде одржан и за Хари Ман, добитник на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО, како и на лауреатот, Јужнокорејскиот поет Ко Ун.
На програмата се и промоција на поетските книги од едицијата „Плејади“, поетски читања во Охрид пред црквата „Св. Јован Канео“ и „Ноќите без интерпукција“ пред Домот на поезијата во Струга…
Традиционално Струшките вечери на поезијата почнаа во четвртокот со палење на фестивалскиот оган и читање на песната „Т’га за југ“ пред Домот на поезијата. Претходно во Паркот на поезијата беa засадени дрвце во чест на лауреатот Ун. Престижната награда „Златен венец“ ќе му биде врачена в недела на традиционалното поетско читање „Мостови“.
На 53. издание на СВП, покрај од Македонија учествуваат околу 50 поети од 34 земји.