„Студио Брејк а Лег“ и „АКВА“ од Скопје се македонските претставници на Европско првенство во модерни танци што од денеска (четврток, 12 јули), па се до недела ќе се одржува во Копер, Словенија.
Манифестацијата е втора по големина во светот на танцот и на неа ќе учествуваат над 2.000 танчери од 27 земји. Нашата земја учествува за прв пат и тоа по само еден месец од приемот на Македонската асоцијација за модерни танци – МАМТ како полноправна членка на Светската танцова организација – ИДО.
Сениорите од „Студио Брејк а Лег“ се актуелни финалисти од последното Светско првенство и 6-та најдобра хип хоп група во светот за 2011 година, а јуниорите на „Брејк а Лег“ се закитија со титулата „светски вицепрваци“ на последниот Светски куп во „Streetdance“