БИТ ФЕСТ: изложба, концерт на народна музика и промоција на музички албум

Во Магаза вечер (четврток, 12 јули) ќе биде отворена изложба на Панде Петровски, на Хераклеја е закажан концертот „Изворно од Mакедoнија“, а на Тумбе кафе ќе биде промовиран музички албум.

Во КЦ Магаза вечер во 20:00 часот ќе биде отворена изложба на Панде Петровски. Започнувајќи од 1959 година тој до сега има отворено 30 самостојни изложби во Македонија, Србија, Шведска и Австралија. Во своето педесетгодишно ликовно творештво учествувал и на стотина ликовни изложби во Македонија, Србија, Турција и Бугарија. Автор е на неколку книги на афоризми и хуморески, а соработувал и со повеќе весници и списанија.Добитник е на повеќе награди за афоризам.

„Изворно од Македонија“ е концерт на народна музика закажан за вечер во 21:00 часот нa Хераклеја. Концертот е  завршница на проектот со кој на 5 компaктa беа документирани и сочувани дискови над 120 македонски изворни песни од богатото музичко наследство, испеани од плејада македонски уметници.

Пејачите ќе бидат придружувани од Дрим Тим, кој за оваа прилика заедно со Татјана Лазаревска, Новица Василевски, Сузана Гавазова, Татјна Стефановска, Марјан Коцев и Јордан Митев во живо ќе ги отпеат македонските легендарни хитови. Проектот го реализираат Бит Фест, Сенатор рекордс и естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Во 22:00 часот на Летната сцена на Тумбе кафе ќе биде промовиран музички албум на Дејан Марковски – KULI. Nonexistence е албум кој говори за постоењето односно непостоењето, за илузијата на човековото его и неговото влијание врз неговото (не)постоење.

Во Центарот за култура продолжува ликовната работилница „Калеидоскоп 3“, а во НУБ „Свети Климент Охридски“ проектот „Мoја библиотека“.

You May Also Like