„Македонски народни песни од Мариово“ од Драган Ристески

Неодамна ИК „Kамелеон“ објави два тома „Македонски народни песни од Мариово“ подготвени од Драган Ристески. Во ова издание се објавени 571 песна, сите испеани од една личност – Кита Крстеска Ристеска.

Песните се предадени изворно, на мариовски дијалект, онака како што се испеани, нагласува редакторот во предговорот. Ова обемно издание содржи митолошки песни, потоа обредни (велигденски, додолски, водичарски, свадбени песни, песни што се пееле на слави), трудови песни (што се пееле на жетва, на попретки и други трудови дејности), семејни, хумористични песни, голем број љубовни песни, потоа борбени песни (јуначки, комитски) итн. Кон песните се дадени податоци за тоа кога се пееле и на кој начин биле исполнувани.

Двата тома „Македонски народни песни од Мариово“ го покажуваат талентот на еден интерпретатор, но и фолклорното богатство на мариовскиот крај.

Драган Ристески е познат собирач и истражувач на македонскиот фолклор од мариовскиот крај и автор на голем број книги.

You May Also Like