Вечерва (вторник, 16 октомври, 2012) во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во 20:00 часот ќе се отвори изложба на Вахиде Хасанагиќ Ниманбегу.
Ниманбегу, која доаѓа од Црна Гора – Улцињ, е расна сликарка која создава моќни платна во кои бојата на Медитеранот блеснува, тоа се слики во кои вештината на сликарскиот занает виртуозно му се наметнува на реципиентот како прерогатив кој ја дефинира уметничката комплексност на авторката.
Изложбата ќе ја отвори Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија. Одговорен кустос на изложбата е Ана Франговскa.