Преводот на „Сакам книга“ на хрватски е дел од мегапроектот „1 Книга – 21 јазик“, а досега истата е преведена и објавена и на албански, турски, ромски, влашки, бошњачки, српски, црногорски, словенечки и на германски јазик.
Во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје и на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, денеска (21 октомври 2014 година, вторник) од 19 часот во Домот ќе се одржи портрет на реномираниот македонски писател Александар Кујунџиски.
На средбата посветена на Кујунџиски ќе биде промовирана и книгата „Zavolih knjigu“, превод на хрватски
јазик на книгата „Сакам книга“, како избор од творештвото на еден од најплодните македонски писатели кој досега има објавено над 100 книги за деца.
Преводот на „Сакам книга“ на хрватски е дел од мегапроектот 1 КНИГА – 21 ЈАЗИК, а досега истата е преведена и објавена и на албански, турски, ромски, влашки, бошњачки, српски, црногорски, словенечки и на германски јазик.
На средбата ќе настапат и ученици по хрватска настава во Р. Македонија, во избор на професорот Ведран Искра.
Модератор ќе биде м-р Љерка Тот Наумова.
Книгите се во издание на „Антолог“ од Скопје.
Александар Кујунџиски е писател за деца и возрасни, хуморист и сатиричар. Роден е во Пехчево на 1 октомври 1946 година. Основно образование стекнал во ОУ „Ванчо Китанов“ во родното место, гимназија во Берово и Куманово, а Филозофски факултет во Скопје. Живеел во Пехчево, Штип, Берово, Куманово и
Скопје, а до сопственото човечко и творечко осамостојување работел како хуморист во Радио Скопје, како новинар во Редакцијата за емисии за деца и како уредник на списанието „Ловец“.
Член е на ДПМ од 1987 година. Од 1990 г. е самостоен уметник, а од 1999 г. е регистриран како самостоен уметник-писател и издавач, АНТОЛОГ, сè до остварувањето на правото на старосна пензија на 1 октомври 2010 г.
Македонски писател со најмногу „стаж“ како самостоен уметник. Посветувајќи се исклучително на литературното творештво и создавајќи дела од сите литературни родови и видови, за сите возрасти сегашни, идни и бивши читатели, Александар Кујунџиски досега објавил 111 книги.