Новиот филм на Квентин Тарантино „Џанго Разузданиот“ и најновото од оскаровецот Питер Џексон „Хобитот: Неочекувано патување“ од 19 јануари, односно од 1 февруари ќе се прикажуваат и во градското кино Милениум.
„Џанго разузданиот“ (кратка содржина):
Поранешниот забар сега ловец на уцени, Д-р. Кинг Шултс (Кристоф Волтс) ја купува слободата на Џанго (Џејми Фокс) и тој станува негов ученик во бизнисот на ловење луѓе. Но тој ја отплаќа својата слобода гонејќи и убивајќи луѓе со крајна цел да ја ослободи и својата жена која е во сопственост на немилосрдниот сопственик на плантажи Калвин Кенди (Леонардо Ди Каприо).
Овој Американски вестерн во режија на Квентин Тарантино веќе ги руши рекордите на кино благајните, Кристоф Волтс веќе доби златен глобус за неговата улога, а филмот е номиниран во пет категории на овогодинешните награди Оскар.
Улоги: Jamie Foxx, Leonardo DiCaprio, Christoph Waltz, Samuel L. Jackson, Kerry Washington Режија: Quentin Tarantino
Траење на филмот: ‘166
Жанр: Вестерн, Драма
Почеток на прикажување: 19.01.2013
„Хобит: Неочекувано патување“ (The Hobbit: An Unexpected Journey)
Младиот, храбриот и нерешителниот Билбо Багинс, започнува едно „неочекувано патување“ до Осамената планина со една весела дружина џуџиња и големиот волшебник Гандалф Сивиот. Авантурата ги води низ дивината населена со гигантски пајаци, Гоблини, Орки, волшебници и чудовишта. Но по пат Билбо Багинс го сретнува Голумот, малото чудовиште кое му го изменува животот засекогаш кога ќе му го земе прстенот на моќта.
Улоги: Martin Freeman, Richard Armitage, Ian McKellen, Andy Serkis, James Nesbitt
Режија: Peter Jackson
Жанр: Авантура, Фантазија
Почеток на прикажување: 01.02.2013