„Прво па женско“ – прв ден

Денеска и утре (7 и 8 март, петок и сабота) во МКЦ ќе се одржи второто издание на „Прво па женско“, во организација на Tiiiit! Inc. од Скопје.

prvo_pa_zensko_2014_plakat

„Прво па Женско“ е иницијатива што има за цел да поттикне одново промислување на значењето на 8ми март – Меѓународниот ден на жената. Со одоново поставување на прашањето за положбата на жените во нашето современо општество,овој градски настан отвора неексклузивен простор за конструктивна дебата за околностите во кои денес живее жената чиј што профил, интереси, ставови и лични заложби за самоостварување се спротиставуваат на традиционалните стереотипи, за размена на знаења и вештини и нови можности за соработка и вмрежување.

Ден #1: 07.03. (петок)

ЖЕНСКА СОБА – презентации
фоаје на кино Фросина на кат
15.00 МАТКА
Tiiiit! Inc. заедно со ХЕРА, Реактор – истражување во акција, ЛезФем, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Бори се женски, Здружение „Студентска организација Излез“, Контрапункт и Акција Здруженска, поттикнати од нетранспарентноста на донесувањето на законот за прекин на бременоста, ја создадоа Матка – платформа за слободен пристап до легален абортус. „Матка“ на ПРВО ПА ЖЕНСКО го промовира второто издание на весникот „Избор“ и второто промотивно видео од својата иницијатива „Мое тело – мој избор!“
16.00 РЕАКТОР
Реактор е [think-tank] организација која се занимава со истражувања во сферата на родовата еднаквост; младите и урбаниот развој со цел креирање политики. Родов Реактор е замислен како простор во кој на едно место ќе бидат содржани сите родово-поделени податоци кои се релевантни во напорите за постигнување родова еднаквост. Сајтот дава слика за статусот на жените и мажите во Република Македонија и за систематските нееднаквости кои сеуште постојат, најчесто на штета на жените.
—————————————————————————————————————————————–
ФИЛМСКА ПРОГРАМА
18.00 кино Фросина
во соработка со Студиорум, Pravo Ljudski Film Festival и Women Make Movies;
Концепт: Кумјана Новакова
The Queen, Manuel Abramovich, Argentina | 2013 | 19’
The Marina Experiment, Marina Lutz | USA | 2009 | 18’
Night Cries: A Rural Tragedy, Tracey Moffatt | Australia | 1990 | 19′
The Body Beautiful, Ngozi Onwurah | UK | 1991 | 23′
Buoyant, Julie Wyman | USA | 2004 | 28′
Even if she had been a criminal, Jean-Gabriel Périot | France | 2006 | 10’
—————————————————————————————————————————————–

ИЗЛОЖБА: HUMAN BEINGS – GOD’S ONLY MISTAKE#5
WASTED RITA (PRT)
20.00 галерија на МКЦ
WASTED RITA е микс од многу часови поминати на религиозен колеџ, адолесценција расипана од Black Flag и силна волја да завладее со светот. Freelance илустраторка, графичка дизајнерка, саркастична колку што е тоа неопходно, сака да пишува за животот и за човековото однесување. Нејзините дела може да ги најдете на безброј сајтови за уметност и графички дизајн, списанија и книги. Има соработувано со познатото студио Studiobüro, меѓу нејзините клиенти се вбројуваат и Hurley, Samsung, Delta, Diário Económico и неколку punk (или не баш punk) бендови. Има изложувано во Париз, Лондон, Берлин, Загреб, Љубљана, низ цела Португалија, a на ПРВО ПА ЖЕНСКО за прв пат ќе ги претстави своите дела во Скопје. HUMAN BEINGS – GOD’S ONLY MISTAKE#5 е дел од серијата самостојни изложби (Дел 1: DINAMO 10, Viana do Castelo, PT (март, 2013); дел 2: Rundlauf Festival, Bochum, GER (мај, 2013); дел 3: Idrawalot gallery, Berlin, GER (јуни, 2013) и дел 4: TReNuTaK.39, Zagreb, CRO (септември, 2013)) кои ги поврзува незапирливата желба и потреба за истражување, рефлектирање и архивирање на емоции, акции, идеи и секојдневни претпоставки за природата на човекот. На овој проект може да се гледа како бескрајно теоретизирање за тоа што значи да се биде човек и да се потклекне пред судбината, најголемата грешка што му се случува на макрокосмосот. Само опушти се и обвини го за СÉ Светиот Дух.
—————————————————————————————————————————————–
ПЕРФОРМАНС: КЛАСИЧНА МЕХАНИКА
HAVEIT (KS)
21.30 Денсинг сала
Haveit е уметничко активистичка група од Приштина, Косово. Овие четири девојки се осмелуваат да го напуштат секојдневниот комфор, задоволства и морални правила и одбиваат да се согласат со нештата што ни се сервираат. Всушност, не прават ништо повеќе, само ја раскажуваат својата и нашата приказна! Тоа го прават и во овој краток, набиен и жесток перформанс во кој летаат прамени коса, шлаканици и стаклени чинии.
—————————————————————————————————————————————–
DJ СЕТ: ДАМИТЕ БИРААТ
ТЕОДОРА ПОПОВСКА и ВАЛЕНТИНА МИНОВСКА
22.00 фоаје на кино Фросина
Игранка е совршен крај за првата вечер на ПРВО ПА ЖЕНСКО, а Теа и Вале секогаш знаеле да ги изберат вистинските ритмови. Останува уште само вие да изберете со кого ќе шизите до доцна во ноќта. Останете до крај!

You May Also Like