Стипендии за студентите од ФЕИТ

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) в понеделник (23 јуни) во 10:00 часот ќе бидат доделени  стипендии на студенти од прва година на електро-енергетските насоки кои навремено ја завршиле годината со просек над 8,0.

feit_logo

Компаниите АД ЕЛЕМ – Електрани на Македонија, ЕВН – Македонија и АД МЕПСО – Македонски електропреносен систем-оператор ќе доделат вкупно 14 стипендии на студенти на ФЕИТ. Стипендиите на студентите ќе им ги доделат генералниот директор на АД ЕЛЕМ, господин Дејан Бошковски, господинот Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје и генералниот директор на АД МЕПСО, господин Синиша Спасов.

Деканот на ФЕИТ ќе додели плакети за успешнасоработка на АД ЕЛЕМ, ЕВН Македонија и со АД МЕПСО.

На настанот ќе бидат доделени наградии признанијана студентите кои завршилe прва, втора и трета година со просек 9 и над 9 и на студентите кои учествувале на домошни и меѓународни натпревари.

You May Also Like