Свој настап на средбата ќе имаат:
– Стојан Тарапуза,
– Виолета Танчева-Златева,
– Ирена Павлова де Одорико и
– Миле Јовановски Поречанец.
Младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ и Здружението на Пензионери на Македонија и Иселеници формираа анонимна жири комисија која ќе го одбере добитникот на наградата „Витез на Македонскиот пишан збор“.
За овој проект сакаме да велиме дека се соединија енергијата на младите, мудроста на постарите и мислата на авторитетите на македонскиот пишан збор, а целта е да покажеме дека сите ние го имаме шестото сетило – срцето.