За само 3 дена откако беше претставена „Спас“, последната книга на српската авторка Исидора Бјелица, првиот тираж од 1.000 примероци беше инстантно распродаден!
Интересот кој го побуди оваа книга кај македонската публика се должи на поинаквата содржина и форматот на оваа интимна, но и исклучително корисна книга. Во двете саемски гостувања, читателите имаа можност да се запознаат лично со авторката, и од неа, во прво лице, да слушнат како да се спасат сопствената душа и телото.
Новиот тираж веќе е подготвен и ќе биде без застој дистрибуиран на продажните места на ТРИ – Книжарницата ТРИ во ГТЦ и на штандот на ТРИ на Саемот на книгата.